Еден милион евра награда за информација за убиениот новинар во Словачка

Словачкиот премиер Роберт Фицо најави награда од еден милион евра за секој што ќе понуди информација за убиството на новинарот Јан Куциак, кој заедно со неговата девојка беа пронајдени мртви во нивниот дом. Двајцата беа најдени со по една прострелна рана.

Неколку весници во Словачка го реобјавија последниот текст на Куциак, кој ја поврзува италијанската мафија со високо ниво на политичка корупција.

Фицо одржа прес-конференција на која тој стоеше покрај маса на која беа поставени банкноти, кои владата вети дека ќе ги размени за информација за убиството.

Колегите на Куциак во медиумите велат дека властите не треба да бараат подалеку од неговото последно дело.

Во недовршената статија, тој тврди дека бизнисмените во источна Словачка, со врски со озлогласената “мафија на Ндрангета” во Калабриа, ги проневеруваат структурните фондови на ЕУ. Тој, исто така, тврди дека тие имаат политички врски во земјата.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари