logo
logo
logo

Меркел

„Еден ден војната ќе заврши со преговори, ВОЈНИТЕ ЗАВРШУВААТ НА ПРЕГОВАРАЧКА МАСА“

Vecer | 07.12.2022

„Еден ден војната ќе заврши со преговори, ВОЈНИТЕ ЗАВРШУВААТ НА ПРЕГОВАРАЧКА МАСА“

Ангела Меркел изјави дека не вреди да се поставува прашањето за нејзиното учество во решавањето на конфликтот во Украина, но и дека ситуацијата ќе заврши со преговори.

Поранешната германска канцеларка во интервју за весникот „Цајт“ одговара на прашањето како да се стави крај на конфликтот.

„Да бидам искрена, не знам. Еден ден ќе заврши со преговори. Војните завршуваат на преговарачка маса“, посочи таа.

Одговарајќи на прашањето дали е исклучено нејзиното учество во решавање на конфликти, поранешната канцеларка рече дека прашањето „не се ни поставува“.

Во исто време, според неа, има разлика меѓу „диктиран мир“ и „пријателски отворен меѓусебен разговор“.

„Не сакам да кажам ништо повеќе во оваа прилика“, заклучи таа.

Зборувајќи за политиката во односите меѓу Русија и Украина што ја спроведувала додека била канцелар, Меркел нагласила дека „одлучувала врз основа на принцип кој и денес и е јасен“.

„Тоа беше обид да се спречи ваква војна. Тоа што не успеа, не значи дека обидите беа погрешни“, смета поранешниот канцелар.

Претходно Меркел изјави за Шпигел дека почетокот на специјалната воена операција во Украина не е неочекуван за неа.

Ангела Меркел беше на чело на германската влада 16 години, од 2005 до 2016 година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk