logo
logo
logo

ЕК: Ублажување на мерките за патување, ВАКЦИНИРАНИТЕ ДА НЕ СЕ ТЕСТИРААТ

Vecer | 31.05.2021

ЕК: Ублажување на мерките за патување, ВАКЦИНИРАНИТЕ ДА НЕ СЕ ТЕСТИРААТ

Европската комисија им предлага на земјите-членки постепено, во текот на летото, да ги ублажат ограничувањата за патувања.

Европската комисија исто така сугерираше дека луѓето кои биле вакцинирани не треба да бидат предмет на понатамошно тестирање за КОВИД 19, ниту пак подложни на мерки за карантин.

„Она што денес го предлагаме е, прво, да нема тестирање на патувања или карантин за целосно вакцинирани или прележани лица. Ова е веќе практика во многу земји-членки и треба да биде независно од каде патувате или каде патувате. Предлагаме заедничко разбирање за целосно вакцинираните лица во контекст на патувањето. Тоа е, 14 дена откако лицето ќе прими последната доза“, рече на прес-конференција Дидие Рејндерс, европски комесар за правда.

Да потсетиме, Советот на Европската унија ја усвои препораката на Европската комисија за отворање граници за вакцинирани граѓани и олеснување за влез на државјани на трети земји.

Од пред неколку недели, на државјаните на трети земји им е дозволено да патуваат во Европската унија, доколку се вакцинирале со Фајзер, Астразенека, Џонсон и Џонсон или Модерна.

Кога станува збор за кинескиот Синофарм и руската Спутник В, државите сами ќе одлучат дали ќе прифатат лица вакцинирани со тие вакцини.

Имплементацијата ќе зависи од земјите-членки поединечно.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk