logo
logo
logo

Џонсон под критики поради божикна забава во време на карантин

Vecer | 08.12.2021

Џонсон под критики поради божикна забава во време на карантин

Британскиот премиер Борис Џонсон се соочи во средата со жестоки критики по појавувањата на снимките на коишто се гледа како неговиот персонал добро се забавува околу тоа како да се објасни дека е организиран собир во резиденцијата во Даунинг Стрит во текот на минатогодишното божикно „затворање“.

Џонсон и министрите во неговата влада повеќепати негираа дека биле прекршени некои прописи кон крајот на 2020 година, иако весникот Mirror објави дека премеирот рекол оти неговиот тим од 40 до 50 луѓе славел со вино.

Меѓутоа, во видеото кое се појави на телевизискиот канал iTV, Алегра Стратон, која тогаш беше секретарка за медиумите на премиерот Џонсон, е прикажана во седиштето на владата во Даунинг Стрит минатата година, како подготувајќи се за дневниот брифинг се семе и шегува на сметка на прославата на персоналот.

Снимката е објавена во моментот кога британската влада повторно размислуива за наметнување на нови ограничување за да го запре ширењето на новата омикрон варијанта на коронавирусот.

Појавувањето на снимката е продолжение на низата скандали кои ги наведуваат опозициските британски политичари во обвинувањето на владата на Џонсон за однесување кое покажува дека прописите не се применуваат подеднакво за сите.

Во видеото член на персоналот во кабинетот на Џонсон ја прашува Стратон „Штотуку видов извештаи на Twitter дека во Даунинг Стрит имало божикна забава – ги препознаваш ли овие извештаи?“. Стратон, стоејќи пред британското знаме се смее и вели: „Заминав дома“. Потоа продолжува да се смее.

„Болна шега“, објави весникот Daily Mail, „Маскирани кловнови на бројот 10“, објави Metro алудирајќи на адресата Даунинг Стрит 10, седиштетот на британската влада. „Британскиот премиет обвинет за лажење, откако тимот од бројот 10 е снимен како се шегува на сметка на забавата“, напиша влијателниот The Guardian.

Претеникот од владејачката Конзервативна партија, Роџер Гејл, изјави дека тоа би било тема за оставка доколку Долниот дом на Парламентот намерно бил доведен во заблуда околу забавата.

Челникот на опозициската Лабуристичка партија, Киер Стармер, изјзави дека видеот е навреда за оние коишто ги почитувале карантинските прописи кога тоа значело да бидат одвоени од своите семејства во текот на ланскиот Божик.

„Имаа право (граѓаните) да очекуваат владата да го стори истото. Да се лаже и да се исмејува со таквите лаги е срамно. Премиерот сега мора да даде отчет за тоа и да се извини“, изјави Стармер.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk