logo
logo
logo

Џонсон: Не лажев за локдаун-забавата

Vecer | 18.01.2022

Џонсон: Не лажев за локдаун-забавата

Џонсон му се извинил на Парламентот минатата недела што бил на забава во градината на неговата резиденција на Даунинг стрит на 20 мај 2020 година, за време на целосниот карантин. Џонсон рече дека мислел дека тоа е работен настан.

Но, тој се соочува со сериозна криза и се бара негова оставка откако се појавија извештаи за дружење со вино со неговиот персонал додека Британците беа затворени, а кралицата тагуваше за смртта на нејзиниот сопруг, принцот Филип.

„Не, никој не ми кажа дека правиме нешто спротивно на правилата. Мислев дека тоа е работен настан“, рече Џонсон. Тој исто така истакнал дека останал само 25 минути за да му се заблагодари на својот персонал за нивната работа.

Скандалот сериозно ја намали популарноста и поддршката на Џонсон во владејачката Конзервативна партија. Заедно со опозицијата, има се поголем број конзервативни пратеници кои сакаат оставка од Џонсон.

Доминик Камингс, шеф на британската кампања за Брегзит и поранешен висок советник на премиерот Џонсон, кој неволно ја напушти владата во ноември 2020 година, рече дека Џонсон се согласил дека забавата треба да се одржи, иако бил предупреден да не се случи.

Според Камингс, тој и еден од советниците му кажале на главниот личен секретар на Џонсон, Мартин Рејнолдс, дека собирот не треба да се одржи.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk