Двајца турски војници загинаа во поплави

Двајца турски војници го загубија животот во поплави што се случија на југоистокот во земјата, соопшти турската војска.

Војниците се наоѓале во оклопно возило во провинцијата Санлиурфа, на границата со Сирија, кога ги понела водата.

Во возилото биле четири лица, од кои двајца успеале да се извлечат и да се спасат.

Војниците беа пронајдени вчера, откако неколку дена се водеа за исчезнати.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари