Двајца ранети во пукање во училиште во САД, напаѓачот е ликвидиран

Засега неидентификувано лице рани двајца средношколци во американската сојузна држава Мериленд. Како што пренесуваат локалните медиуми, напаѓачот е убиен.

Едно 16-годишно девојче и 14-годишно момче се во критична состојба. Вооружениот напад се случил утринава пред почетокот на наставата во средно училиште во округот Сент Мери, на околу 104 километри југоисточно од Вашингтон. Вооружениот чувар во кампусот пукал кон напаѓачот, кој сè уште не е идентификуван. Засега не е познато дали чуварот го убил напаѓачот или тој се самоубил.

Денешниот напад следува еден месец откако во Паркланд, на Флорида, во средно училиште беа убиени 17 деца. Овој напад како никогаш досега го сврте фокусот на смртоносните напади во училиштата во САД како и на проблемот со достапноста на оружјето на секој чекор, без преголема контрола, благодарение на вториот амандман од Уставот на САД кој му овозоможува на секој граѓанин да носи и поседува оружје. Секој обид за ограничување досега заврши неуспешно, меѓу другото, и поради тоа што моќната Национална асоцијација за оружје (НРА) е исклучително влијателна во Вашингтон и е голем донатор на американски политичари, сенатори и конгресмени.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари