Двајца пилоти загинаа при пад на турски авион за воена обука

Турски авион се урна во провинцијата Измир во западна Турција за време на лет за обука, објавија воени претставници. Во несреќата загинале двајцата пилоти на авионот.

Според соопштението, воздухопловот се урнал кратко време по полетувањето од воената база „Цигли“ околу 10 часот по локално време. Пожарникарски тимови и амбулантни возила се веќе на теренот, а екипите за пребарување во најкусо можно време стигнале на местото на несреќата.

Причината за инцидентот сè уште е непозната, а истрагата е во тек.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари