Двајца Американци повредени во пукањето на состанок Авганистан-НАТО во Кандахар

Двајца американски државјани беа ранети, а шефот на локалната полиција загина додека командантот на НАТО и на американски сили во Авганистан, Остин С. Милер, и неговите соработници се извлече неповреден по нападот за време на состанок во Кандахар, пренесува РТ.

Нападот се случи во четвртокот попладне по состанокот на Милер со гувернерот на Кандахар и со началникот на провинциската полиција, генерал Абдул Разик, кој се одржа во канцеларијата на гувернерот. Според информациите, нападот го извршил телохранител на гувернерот.

Разик беше убиен во нападот, а двајца американски државјани и неколкумина високи авганистански претставници, вклучувајќи го и гувернерот, беа повредени.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари