logo
logo
logo

Два авиони се судрија на аеродромот во Дубаи

Vecer | 22.07.2021

Два авиони се судрија на аеродромот во Дубаи


Авионот на нискобуџетната авиокомпанија „Флај Дубаи“ утрово се судри со авионот на компанијата „Галф ер“ на пистата на Меѓународниот аеродром во Дубаи.

Надлежните информираа дека никој не е повреден.

Компанијата „Флај Дубаи“ објави дека нејзиниот „Боинг 737-800“, кој требаше да лета за Киргистан, е оштетен во „помал инцидент“ и е принуден да се врати на почетната позиција.

Според информациите, патниците заминале шест часа подоцна со друг лет, пренесува новинската агенција „АП“.

Компанијата посочува дека ќе соработува со властите во истрагата на инцидентот.

„Галф ер“, пак, објави дека авион на друга компанија удрил во опашката на еден од нејзините авиони.

„Галф Ер“ во моментот превезувал патници од Дубаи до меѓународниот аеродром во Бахреин.

Меѓународниот аеродром во Дубаи објави дека една од неговите писти била затворена два часа поради судирот, но распоредот на летовите не бил нарушен.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk