Дутерте ги повлече Филипини од Меѓународниот кривичен суд

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте објави дека Филипини се повлекуваат од основачкиот договор на Меѓународниот кривичен суд.

„Изјавувам дека Филипини ја повлекуваат својата ратификација на Римскиот статус, што стапува на сила веднаш“ изјави филипинскиот претседател.

Судот со седиште во Хаг објави минатиот месец дека е отворена прелиминарна истрага за кампањата на Дутерте за сузбивање на дрогата, која предизвика загриженост на меѓународната заедница.

Дутерте кој е избран во 2016 година вети дека ќе ја искорени трговијата со дрога така што ќе убие десетина илјади престапници. Илјада осомничени за време на кампањата против дрога, која Дутерте ја покрена откако стана претседател, предизвика критики и закана со кривично гонење.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари