logo
logo
logo

Драма на летот од Мајами кон Лондон: Патничка не сакала да носи маска, авионот се вратил назад

Vecer | 21.01.2022

Драма на летот од Мајами кон Лондон: Патничка не сакала да носи маска, авионот се вратил назад

Авионот се вратил во Мајами час и 48 минути по полетувањето од тој град.

„Летот на Американ ерлајнс од Мајами до Лондон е вратен во Мајами поради патник кој одбил да го исполни федералното барање да носи маска“, се вели во соопштението на Американ ерлајнс. Полицијата во Мајами потврдила дека добила пријава за патник кој одбил да носи маска на летот.

„Патникот беше изнесен од авионот без инцидент од страна на припадниците на полицијата во Мајами“, потврдиле за Си-Ен-Ен од полицијата во Мајами. Летот, во кој имало 129 патници и 14 членови на екипажот, потоа бил откажан, а Американ ерлајнс им се извинил на патниците.

Според американската Федерална агенција за воздухопловство (ФАА), оваа година се регистрирани 151 пријава за патници кои предизвикуваат проблеми на летовите, од кои дури 92 се поврзани со носење маски.

Во јануари минатата година, FAA објавила политика на нулта толеранција за патниците кои создаваат проблеми на летовите. Тоа значи дека при справувањето со таквите патници се прескокнуваат предупредувањата и директно се преземаат казни, кои вклучуваат високи парични казни, па дури и затвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk