Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека очекува туризмот да се отвори од средината на мај, кога е дозволено патување меѓу италијанските региони, пренесува „Ројтерс“.

Говорејќи на состанокот со министрите за туризам од Групата 20, Драги рече дека здравствената патна документација ќе биде оперативна до средината на јуни, со што ќе се олесни патувањето низ континентот.

„Чекаме европски сертификат. Имаме национална зелена пропусница кој ќе им овозможи на луѓето да одат од регион во регион и ќе биде оперативна до средината на мај. Не мора да чекаме до средината на јуни на европски сертификат за да патуваме“, рече Драги.

Тој додаде дека во средината на мај, туристите ќе имаат италијанска пропусница.

„Време е да резервирате одмор во Италија“, рече Драги.

makfax.com.mk