Доналд Трамп објасни зошто го отпуштил Рекс Тилерсон

Несогласувањата со Рекс Тилерсон и сличниот начин на размислување со Мајк Помпео е причината поради којашто Доналд Трамп одлучил да го замени Тилерсон, а на функцијата државен секретар на САД, да го постави Помпео, кој досега беше директор на ЦИА.

„Со Тилерсон добро се разбиравме, но имавме разлики околу некои прашања“, рече американскиот претседател и го искритикува договорот за Иран, за којшто лично сметал дека бил ужасно подготвен.

Што се однесува до Помпео, Трамп го пофали новиот државен секретар за неговата, како што рече, силна енергија и огромна интелигенција. Според зборовите на американскиот претседател, тие отсекогаш биле блиску еден до друг и отсекогаш имале добри односи, а тоа е причината за назначувањето.

Американскиот телевизиски канал „Фокс њус“ се обидел да стапи во контакт со Тилерсон, но од неговиот заменик Стив Голдстајн дознале дека поранешниот државен секретар нема поим што е причината за да биде ослободен од функцијата.

Од друга страна, неговиот заменик на функцијата Помпео испрати порака до медиумите, во која се заблагодари за довербата.

„Длабоко сум му благодарен на претседателот Трамп за тоа што ме избра за директор на ЦИА и за можноста отсега да служам како државен секретар. Неговото водство ја направи Америка посигурна и со нетрпение очекувам да го застапува него и американскиот народ пред светот и да и помогне на Америка да напредува“, порача Помпео.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари