Долг, сериозен и детален разговор помеѓу Путин и Меркел

Три часа траеа разговорите помеѓу лидерите на Русија и Германија, Владимир Путин и Ангела Меркел во Берлин.

Портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков, по средбата изјави дека разговорите биле темелни и долготрајни.

„Преговорите беа долготрајни. Многу дедтален разговор за теми кои воглавно беа наведени во изјавите на претседателот и канцеларката пред почетокот на средбата“, рече Песков пред новинарите, пренесе новинската агенција „Спутник“.

Тој додаде дека кај двете страни немало намера за постигнување на договор.

„Ова беше многу корисен разговор направен во вистинско време. Беа разменети информации за низа актуелни прашања“, рече Песков и истакна дека станало збор за билатералните односи, но и за растот на трговската размена помеѓу Русија и Германија.

Лидерите на двете земји се изјасниле дека се против политизација на проектот за гасоводот „Северен тек 2“, а разговарале и за транзитот на гас преку Украина. Двајцата се согласиле дека проектот е комерцијално корисен и конкурентен и дека мора да се заштити од напади на трети лица, за на крајот да се реализира, наведе Песков.

Меѓу темите на состанокот било и решавањето на сирискиот конгликт.

„Путин нагласи постепено развивање на процесот за враќање на бегалците и ги повика европските земји да дадат свој придонес за процесот да биде неповратен“, рече Песков.

Освен тоа, Путин и Меркел разговарале и за непредвидливоста во однесувањето на низа земји по прашањето за царините, изразувајќи загриженост дека тоа може да има негативни последици за глобалната трговија.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари