logo
logo
logo

Докторот што се борел за животот на принцезата Дајана: Се обидов да ја спасам, но нејзиното срце не почна повторно да чука!

Vecer | 20.06.2021

Докторот што се борел за животот на принцезата Дајана: Се обидов да ја спасам, но нејзиното срце не почна повторно да чука!

Хирургот кој беше во првите борбени редови за животот на принцезата Дајана до детали ја опиша ноќта кога, по несреќата, таа била донесена во Ургентниот центар во Париз.

Принцезата Дајана настрада во сообраќајна несреќа пред 24 години, а докторот кој се обидел да и го спаси животот прозборе за кобната ноќ по долги години молчење.

Докторот Монсеф Дахман тој 31 август 1997 година бил на должност, кога тешко повредената принцеза итно била донесена во Ургентниот центар. Одлучил да прогбори по 24 години и открил детали за нејзината борба за живот.

Принцезата од Велс во Ургентниот центар стигнала во критична состојба бидејќи на местото на несреќата доживеала срцев удар.

-Спиев во просторијата за одмор, кога дежурниот анестезиолог ме разбуди и ми кажа дека имаме итен случај. Не знаевме која е повредената личност, само ни е кажано дека доаѓа жена која доживеала сообраќајна несреќа. Не го знаевме нејзиниот идентитет, донесена е во критична состојба, вели Дахман за Дејли Мејл.

На носилките била принцезата Дајана, по што целиот дежурен персонал ја сфатил сериозноста на ситуацијата.

-Итно ќе реагиравме и да беше било која друга млада жена која би била донесена во таква состојба. Но, тука се работеше за принцеза. Една од стажантките само немо стоеше во аголот, ја опишува докторот атмосферата која владеела во просторијата кога сфатиле кој е пациентот.

Додава дека веднаш била испратена на рентген каде се утврдило дека има сериозно внатрешно крварење.

-Во тој момент, бидејќи се уште не знаевме која крвна група е прими единица нулта крвна група. Околу два часот после полноќ, доживеа втор срцев застој, вели тој.

Нејзината состојба барала итна хируршка интервенција, немало време да префрлање во операциона сала, туку истата е направена на лице место и тогаш докторот открил дека оштетена е срцевата обвивка.

-Направив се за да може да дише, срцето не и работеше како што треба, не добиваше доволно крв. Помина половина час и знаевме дека ни е потребно чудо. Повикан беше најдобриот француски кардиохирург, го разбудија и го извлекоа од кревет за да дојде, додава доктор Дахман.

Професорот кардиохирург Ален Пави веднаш наредил Дајана да биде пренесена во операционала сала, каде докторите продолжиле да се борат за нејзиниот живот. Тој барал со операцијата да се утврди која е причината за внатрешното крварење.

-За време на таа процедура, утврдено е дека на принцезата и е скината левата горна белодробна вена, и тоа на местото каде се спојува со срцето. Пави успеа да го среди оштетувањето, но веќе беше доцна, се присетува Дахман.

Нејзиното срце престанало да чука пред да ја оперираат, но по вештачки пат била одржувана во живот. Не можела да се реанимира, а докторите ја загубиле битката за нејзиниот живот.

-Се обидовме со масажа на срцето, дефибрилатор, и дадовме адреналин. Но нејзиното срце не почна повторно да чука. И покрај тоа се боревме уште еден час, се се обидовме, кога работите во таква ситуација, не забележувате дека поминува времето. Болницата е еден од најдобрите ургентни центри во Франција. Сме успеале да спасиме луѓе и во многу полоша состојба од неа. Се гордеевме со неа. Но, неа не успеавме да ја спасиме, вели тој.

Во наодите на угледниот британски патолог доктор Ричард Шепард се потврдува дека францускиот медицински персонал направил се што било во нивна моќ.

Болницата била опколен од сите страни со новинари и папараци, а докторите доживувале срамни сцени. Новинарите се обидувале да влезат во болницата, по ходниците и се распрашувале на одделенијата, се маскирале во медицински персонал.

Докторот Дахман опишува и која била најбизарната сцена која ја доживеал по нејзината смрт. Ноќта во борбата за нејзиниот живот носел бели медицински кломпи.

-Дури следното утро забележав дека кломпите ми се крвави. На нив беше крвта на Дајана. Не стигнав да ги исчистам, но едно од наредните утра ми пријде човек додека бев во кругот на болницата и ми рече – сакам да ги купам вашите кломпи. Тие на себе имаат сина крв. Фасцинантно е до каде се луѓето подготвени да одат, вознемирено рекол докторот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk