logo
logo
logo

Дојдоа со ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ и ограбија златарница: Украдоа накит вреден речиси 3 милиони евра

Vecer | 28.07.2021

Дојдоа со ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ и ограбија златарница: Украдоа накит вреден речиси 3 милиони евра

Париската продавница за накит Шамет во близина на Шанзелизе била ограбена во вторникот, а крадците украле накит вреден меѓу 2 и 3 милиони евра, објави обвинителството во Париз, пишуваат медиумите.

Весникот „Ле Паризиен“ објави дека крадецот пристигнал со електричен тротинет попладнето и се заканувал со оружје во златарницата пред да побегне.

Обвинителството соопшти дека е покрената истрага, но не ја потврди вредноста на украдената стока.

Од Шамет, една од најстарите француски брендови за накит, сопственост на конгломератот LVMH не беа достапни за коментар.

Ограбената продавница се наоѓа на улицата Франсоа Иер, во близина на Елисејските полиња.

Златарската куќа Шаумет е позната ширум светот по долгата традиција на трговија на плоштадот Вендом, и била ограбена во 2009 година. Во тоа време, крадците украле накит вреден 1,9 милиони евра, потсетува агенцијата Франс прес.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk