Доаѓа "националниот дедо": Можно ли е Рим да ја затресе оската Берлин-Париз

На прагот на 1017/1018 година ЕУ ја "зафати бран" на избори кои гледано календарски се редовни и регуларни.

Но...?!

Германија која постизборно чекаше повеќе од два мсесеца скрпи влада како што ја скрпи, се очекува ли истото во Италија каде што менталниот политички склоп и е далеку поинаков од предходните изборни циклуси.

Австрија без "мелодрами" стави печат (направи влада) по изборите, без да мешетарат по коалициони партнери...

Едностано рчено еврпските земји членки предводени од владеечките гарнитури се најдоа затечени пред "налетот на HAARP", а уште помалку подготвени како да се справат од новонастаната ситуација.

Германија европскиот економски џин, неможе да се пофали и внатре во сопствебната земја со епитетот "џин" кога се работи во политичка смисла со самиот факт дека мака мачеше како да го пополни Бундестагот.

Меркел ја фати последната етапа од своето владеење како канцеларка на Германија, но ништо нема да биде исто како што беше до крајот на 2017.

Мнозинството кое ја правеше силна и непоголеблива веќе и е претворно во мозик од мноштво "коалициони партнери" кои долго време беа надвор од бундес столиците и доволно време имаа да ги апострофираат аномалиите на канцеларката.

И покрај најавите дека "одиме понатаму, но не како досега", не ќе може така лесно композицијата да ја повлече... овој пат "повеќе вагони и се во низата"

Италијанците денес излегуваат на своите бирачки мести и би било изненадување ако некоја од партиите освои доволен број на мандати кои самостојно ќе формираат влада. Не многу поразлично од она што се случуваше во Германија изминатите месеци.

Преговорите кои следат ќе бидат долги, останува да се види дали Италијаните ќе одлучат за австрискиот модел или за голема коалиција како онаа на Германија.

Берлускони го најави своето враќање во политиката. Можеби не како во 1994 година кога стана првпат премиер. Сега тој повеќе како 'ноно национале' – 'национален дедо" со огромна амбиција да се занимава со политика", констатира надворшно политичкиот коментатор Бошко Јакшиќ.

Коалицијата на Берлускони со двете партии едната е Лига, која за разлика од партијата на Берлускони е доста евроскептична, и националистичката партија која се вика Браќа на Италија која се десно орјентирани и според експертските анализи би можле да освојат 36 отсто гласови, кои се и најбројни во донос на останатите партии но не се доволни, мора да имаат повеќе од 40 отсто колку е потребно по новиот изборен закон за да формираат валада.

Општ вепачок е дека Италија скршнува на десно. Десницата е радикализирана во однос на претходната десница, а во новиот парламент би можеле да влезат партиите десно орјентирани како што е "Форца нова" или неофашистичкот движење "Казапаунд". Италија се поместува кон десно и тоа е препознатливо.

Зборувајќи за можна постизборна коалиција аналитичарот Јакшиќ смета дека Италија не е реална копија на голема коалиција како што е во Германија.

"Поголема можност е да се вклучи крајната десница, како по австрискиот модел, што ќе биде доста непопуларно во Европа", вели Јакшиќ.


На ЕУ минатата година и олесна после изборите во Данска, Холандија а особено во Франција каде што политочката десница немаше добри изборни резултати.

"Но потоа се случи огромна победа на десните во Австрија, вклучувајќи го влегувањето на неофашистите во владата. Сега и Италија е извесно да се сврти кон десните" вели Јакшќ и оценува дека оската Берлин-Париз може да биде затресена од резултатите кои ќе бидат постигнати во Итлија

"Италија е важен фактор во европскиот разој, но на десна Италија не и оди во прилог политиката која ка креира Ангела Меркел и Емануел Макрон", заклучува Јакшиќ.

Поврзани

Најнови вести

Коментари