Холандските авиони Ф-16 нема да бидат испорачани во Украина пред крајот на 2024 година.

Како што соопшти холандското Министерство за одбрана, најпрво е неопходно холандското воздухопловство целосно да се „префрли“ на употреба на новиот авион Ф-35.

Минатата недела холандскиот премиер Марк Руте и украинскиот претседател Володимир Зеленски објавија дека Холандија, заедно со Данска, ќе обезбеди Ф-16 за воените напори на Украина во конфликтот со Русија, а самиот Зеленски истакна дека тоа се 42 борбени авиони, објави денеска Дач Тајмс.

На веб-страницата се наведува дека холандските сили располагаат со 42 авиони Ф-16, но ниту еден од нив не е веднаш достапен, а некои од нив се уште се во служба.

Портпаролот рече дека „сè уште е изводливо да се испорачаат овие авиони во текот на 2024 година“, но дека тоа ќе биде можно само кога холандската воена авијација целосно ќе премине на авиони Ф-35.

Данска ќе испорача вкупно 19 млазни авиони со првичните шест до крајот на годината, по што следат осум во 2024 година и пет во 2025 година, рече данската премиерка Мете Фредериксен на 20 август, пренесе Ројтерс.

Привремениот министер за одбрана Кајса Олангрен претходно изјави дека испораката на авиони Ф-16 во Украина не смее да има никакви последици за оперативниот капацитет на Холандија.