logo
logo
logo

Директор на училиште во САД е обвинет за повеќекратно силување ученик

Vecer | 24.06.2022

Директор на училиште во САД е обвинет за повеќекратно силување ученик

Роџер Вивер Фрид (34), поранешен директор на средното училиште во Вилијамспорт, е обвинет за одржување на долготрајна сексуална врска со ученик која продолжила откако ученикот завршил средно училиште.

Фрид е обвинет за 30 кривични дела од трет степен, вклучувајќи го и кривичното дело секс со ученик.

Ученикот ѝ рекол на полицијата дека Фрид го контактирал околу 2015 година, откако забележал дека е популарен меѓу другите ученици. Набрзо почнал да му се доверува и да се потпира на него за емоционална поддршка, особено по смртта на еден од членовите на неговото семејство.

Во 2015 година, разговорите на училиште прераснале во бројни интеракции после училиште. Директорот му рекол на ученикот дека се како браќа и дека можат да зборуваат за сѐ, особено за неговите сексуални потреби. Во 2017 година почнале да имаат секс, по што Фрид му рекол дека е многу важно да не се дознае за тоа бидејќи може да остане без работа.

Ученикот ѝ рекол на полицијата дека чувствувал „огромна вина поради сексуалните средби“ што се случувале 4 до 5 пати неделно, секогаш ноќе, во текот на следните две години од средното училиште.

Сексуалната врска траела до април 2022 година. Фрид во вторникот е обвинет со кауција од 175.000 долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk