logo
logo
logo

Димни облаци го исполнија небото: Солзавец, тупаници и „крваво“ марширање ширум земјата (фото/видео)

Vecer | 31.07.2021

Димни облаци го исполнија небото: Солзавец, тупаници и „крваво“ марширање ширум земјата (фото/видео)

Илјадници луѓе во Франција протестирале денес поради воведување специјални ковид пропусници поради што дошло до судир со полицијата.

Демонстрантите марширале по Париз а француската полиција со полна опрема за нередите со тупаници туркала поедини демонстранти употребувајќи и солзавец против некои од нив, пренесува АП.

Околу 3.000 припадници на силите за безбедност распоредени се во француската престолнина во текот на третата сабота на протести.

Во Франција одржани се четири протести, а се марширало и во други градови ширум земјата.

Напнатост имало пред познатиот ноќен клуб “Мулен Руж“, каде што се собрал најмногу народ.

Припадници на полицијата се судриле со демонстрантите за време на маршот, притоа полицијата во неколку наврати користела тупаници.

Додека учесниците на маршот тргнале на исток, полицијата испалила солзавец во толпата , а облаци од чад го исполниле небото.

Друга група демонстранти била предводена од лидерката на ултрадесничарската партија за Национално обединување Марин Лепен, додека третата група која марширала кон Министерството за здравство ја предводел Флоријан Филипо од партијата Патриоти

Пратениците усвоиле законот за вирус кој бара поседување пропусници бидејќи бројот на заразени е зголемен, а бројот на хоспитализирани расте.

Анкетите покажале дека повеќето од Французи ги подржувале пропусниците, но некои Французи се категорично против.

За добивање пропусница потребна е вакцинација или брз негативен тест или доказ за неодамнешно опоравување од ковид 19.

Исто така се налага вакцинација на сите здравствени рабоници до средината на септември.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk