Велика Британија нема намера да воведува блокади од каков било вид кога станува збор за вакцините против Ковид-19, изјави премиерот Борис Џонсон.

Тој рече дека има охрабрувачки знаци дека и Европската Унија го дели тоа мислење, објави Ројтерс.

„Ние во оваа земја не веруваме во блокади на каков било вид на вакцина или материјал за вакцинирање. Тоа не е нешто што оваа земја би сонувала да го направи, и ме охрабруваат работите што ги слушнав во таа смисла “, рече Џонсон.

Британскиот премиер се надева дека ќе може да каже нешто повеќе за меѓународните патувања до 5 април, бидејќи граѓаните се надеваат дека државата ќе ја олесни забраната за патување.

 

makfax.com.mk