Милијардерот Џеф Безос објави дека следниот месец ќе лета во вселената со својата ракета Blue Origin, пренесува New York Post. Летот е закажан за 20 јули, што е 2 недели откако Безос официјално поднесе оставка од функцијата извршен директор на Амазон.

На летот ќе му се придружат неговиот брат Марк и уште еден среќен човек кој ќе мора да го освои своето место на аукција. Тековната цена на вселенскиот лет со Безос се искачи на 2,8 милиони долари.

„Од мои 5 години, сонував за патување во вселената. На 20 јули, одам на тоа патување со мојот брат. Најголемата авантура досега со мојот најдобар пријател“ – напиша Безос на својот Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jeff Bezos (@jeffbezos)

Компанијата Blue Origin соопшти дека добиле повеќе од 5.200 понуди од 136 различни земји во првиот круг на аукцијата, чија најголема понуда не беше објавена додека не заврши рундата.

Вториот круг започна со почетна понуда од 1,4 милиони долари, според податоците на веб-страницата на Blue Origin.

Процесот ќе трае до 10 јуни и ќе заврши на 12 јуни, со онлајн аукција во живо.

Ракетната компанија го одбра 20 јули за својот прв суборбитален лет што е пресвртница која ќе започне нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.

Ракетата и капсулата The New Shepard се дизајнирани за автономен превоз на шест патници на надморска височина од над 100 километри над површината на Земјата.