Десет жртви во поплавите во Мајорка, спасувачите трагаат по петгодишно момче

Шпанските спасувачи и натаму трагаат по петгодишно момче и двојка од Германија кои исчезнаа во поплавите што одзедоа најмалку 10 животи на Мајорка.

Последните познати информации во врска со Германците се дека тие телефонски контактирале пријател и му кажале дека се заглавени во возилото, изјави германскиот конзул Сабине Ламерс.

Официјални претставници за цивилна заштита соопштија дека вчера го пронашле телото на мајката на момчето. Мајката, наводно, успеала да ја извади седумгодишната ќерка од автомобилот, но таа и нејзиниот син не успеале да излезат.

Меѓу жртвите во поплавите се и двојка од Велика Британија, 80-годишен Холанѓанец и шестмина Шпанци. Идентитетот на уште едно лице се уште не е утврден, објави агенцијата АП.

Во најмалку три града училиштата вчера беа затворени, додека стотици луѓе беа евакуирани во спортски објекти и на локален хиподром.

Поплавите, исто така, имале влијание и на телефонските врски, а биле уништени и два моста и затворени 11 патишта.

 

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари