logo
logo
logo

Денеска ќе биде погребан принцот Филип

Vecer | 17.04.2021

Денеска ќе биде погребан принцот Филип

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора, Принцот Филип кој почина минатата недела на 100 годишна возраст попладнево ќе биде погребан.

Поради епидемиолошките мерки во Британија на погребот на принцот ќе присуствува само најтесното семејство.

Церемонијата на кралскиот погреб ќе се одржи во капалета Св. Ѓорги во кругот на замокот Виндзор во 16 часот по средноевропско време.

Принцот Филип според медиумите наводно барал да биде погребан без голема церемонија. Инаку се до погребот телото на Филип ќе биде изложено во приватната капела во замокот Виндзор.

Мртовечкиот сандак на војводата од Единбург е покриен со неговото лично знаме, неговиот личен барјак.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk