logo
logo
logo

Денеска истекува рокот за гласање на руските референдуми во Украина

Vecer | 27.09.2022

Денеска истекува рокот за гласање на руските референдуми во Украина

Резултатите од гласањето кое речиси цела меѓународна заедница го осуди како незаконско и акт кој води кон анексија на украинска територија се очекува да бидат познати во текот на утрешниот ден, иако веќе е извесно е дека тие ќе бидат позитивни за официјален Кремљ. Излезноста според руските власти во сите региони каде се одржуваат референдумите веќе е над 50 проценти што според нив значи  тие дека се успешни. Најавите кај дел од руските медиуми се дека веќе во петок Владимир Путин би можел да го прогласи и нивниот официјален влез во рамки на руската федерација.

Процент на лица кои гласале на референдумите

Херсон – 63.58%

Запорожје – 66.43%

Луганск = 83.61%

Доњецк – 86.89%

Извор: Централна изборна комисија на Русија

-Немам доволно зборови, ние се движиме кон ова веќе долго време. Јас сум многу среќна. / Секако дека ова е важен момент за нас, ние го чекаме ова веќе многу долго време и да бидам искрена, веќе сум малку изморена. / Ние го чекаме ова веќе осум години. Со постојани бомбардирања, нашите деца немаат видено нормален живот. Сега се надеваме, ајде да живееме.

Во пресрет на очекуваното припојување на регионите, продолжува и мобилацијата во Русија, со која околу 300.000 граѓаните се очекува да заминат на фронтот и да ги бранат новите граници.. Сепак, проблемите со кои се соочуваат во мобилизацијата властите честопати се на раб на ескалација, а илјадници руски граѓани пак, продолжуваат да бараат спас во околните држави..

Една од земјите каде голем дел од руските мажи бегаат од мобилизацијата е Грузија, сателитските снимки покажуваат и колони долги по 16 километри, а за премин на границата кон оваа држава се чека и по 72 часа.

-Нашиот Претседател објави војна на соседна држава, нелегитимно анексираше дел од нивната територија и сега се обидува да го внесе цело население во братоубиствена војна. / Ние плативме 1.200 долари да бидеме испратени 3 километри до точката каде е руската граница, затоа што ако останете во колоната, да ја напуштите Русија ќе ви требаат најмалку 72 часа, најмалку. Ние со тоа што плативме, успеавме за 30 часа.

Руските власти веќе испратија и војска на границата кон Грузија, а според најавите на самата граница ќе биде формиран и пункт за мобилизација. Одбивањето да се одговори на повикот за служба би можело да ги чини Русите и 10 години затвор. Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков призна дека биле направени грешки во процесот на мобилизација на руските резервисти, откако излегоа информации дека за војната во Украина се повикуваат луѓе без воено искуство или премногу стари, а некои од нив и инвалиди.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk