logo
logo
logo

Ден на жалост утре во Киев во чест на загинатите во рускиот напад

Vecer | 31.07.2025

Ден на жалост утре во Киев во чест на загинатите во рускиот напад

Петок, 1 август, е прогласен за Ден на жалост во Киев во спомен на жртвите од рускиот комбиниран напад претходната ноќ, во кој, според последните информации, загинаа 14 лица, меѓу кои и едно дете, објави Виталиј Кличко, градоначалникот на украинскиот главен град.

„Утре, 1 август, е прогласен за Ден на жалост во Киев. Во спомен на жртвите од масовниот непријателски напад врз главниот град. Знамињата ќе бидат спуштени на сите општински згради во градот.

Исто така, се препорачува да се спуштат националните знамиња на зградите во државна и приватна сопственост“, објави тој на Телеграм, пренесува Укринформ.

Сите забавни настани во градот се забранети на 1 август. Шефот на воената администрација во Киев, Тимур Ткаченко, потврди дека 88 лица се повредени во рускиот напад. Нападнати се 27 локации во четири области на украинскиот главен град, а меѓу објектите што беа погодени имало станбени згради, училишта и болници, објави Ројтерс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk