Демократите ветија построга контрола на оружјето во САД

По вчерашниот напад во ноќен клуб во Калифорнија, во кој беа убиени најмалку 12 луѓе, американските демократи во Претставничкиот дом на Конгресот ветија дека ќе ја зајакнат контролата на оружјето.

Демократите, кои по осум години освоија мнозинство во Претставничкиот дом, планираат засилување на доверувањето на лица кои купуваат оружје и забрана за јуришни пушки.

Проблемот со контролата на оружјето во САД се провлекува долго време, а демократите одамна бараа воведување строга контрола за продажба и поседување на оружјето, со цел спречување на вооружени напади и смртоносни инциденти. Во последните години во САД се случија голем број вооружени напади, во кои имаше многу жртви. Особено се загрижувачки нападите во училиштата од страна на малолетните лица.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари