logo
logo
logo

Дел од пратениците во австрискиот парламент ја напуштија салата за време на говорот на Зеленски

Vecer | 30.03.2023

Дел од пратениците во австрискиот парламент ја напуштија салата за време на говорот на Зеленски

Тие посочија дека тоа е чин на протест бидејќи се нарушува неутралноста на Австрија.

Зеленски ѝ се заблагодари на Австрија за хуманитарната помош и помошта во проекти како што е деминирањето во обраќањето преку видео врска. Поради сопствената неутралност, Австрија не се вклучи повеќе во конфликтот, па и покрај тоа што дава политичка поддршка, сè уште не може да испрати оружје на украинската армија, која се соочува со руска инвазија.

ФПО со денови предупредува дека ќе одржи некаков вид на протест против обраќањето на Зеленски. Претставниците на партијата присуствуваа на почетокот на говорот на украинскиот лидер, а потоа ја напуштија салата. „Тажно е што ФПО е единствената партија во парламентот која сериозно ја сфаќа нашата постојана неутралност, а со тоа се залага и за мир“, рече во вторникот претседателот на ФПО, Херберт Кикл.

Од петте партии во парламентот, ФПО има трето место по бројот на местата во Долниот дом. Тие во моментов имаат мало водство во анкетите пред опозициските социјалдемократи и конзервативците на канцеларот Карл Нехамер, кои владеат во коалиција со левичарските Зелени. Сегашниот состав на парламентот трае до есен следната година.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk