logo
logo
logo

Дaнска превентивно ја повлекува од употреба вакцината на „Астразенека“

Vecer | 11.03.2021

Дaнска превентивно ја повлекува од употреба вакцината на „Астразенека“


Данските власти издадоа соопштение за привремено повлекување од употреба на вакцината на „Астразенека“ како мерка на претпазливост, бидејќи кај некои пациенти се појави згрутчување на крвта кратко по вакцинацијата.

„Овој потег доаѓа по извештајот за сериозни случаи на згрутчување на крвта кај луѓето вакцинирани со вакцината на „Астразенека“, изјавија данските власти, пренесува АФП.

Тие додадоа дека во моментот не е позната поврзаноста помеѓу вакцината и згрутчувањето на крвта, но дека истрагата е во тек.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk