logo
logo
logo

Данска ги одби дозволите за престој на сириските бегалци, реагираа од ООН

Vecer | 14.04.2021

Данска ги одби дозволите за престој на сириските бегалци, реагираа од ООН


Данска стана првата европска земја што ги одби дозволите за престој на сириските бегалци. Данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод сугерираше дека, иако граѓанската војна сè уште трае во многу делови на Сирија, постојат делови од земјата каде што ситуацијата е поинаква. ООН и Амнести интернешнл не се согласуваат со одлуката на данските власти.

Во последниве недели, 94 Сиријци беа информирани дека ќе им биде одземена дозволата за престој во Данска. Многу други се очекува да ја добијат истата порака во иднина.

„Сè уште има граѓанска војна на многу места во Сирија, но има делови од земјата каде што ситуацијата е поинаква“, рече данскиот министер за надворешни работи за весникот „Политикен“.

Данските власти веруваат дека тие области, вклучително и урбаната област околу Дамаск, се безбедни.Кофод објасни дека бегалците кои доброволно ќе се вратат ќе добијат финансиска поддршка и со тоа ќе избегнат присилна депортација. Сумата што досега бегалците ја добиваа со доброволно заминување се движеше помеѓу 16.000 и 32.000 долари.

Според Кофод, идејата е Сиријците кои ќе се вратат во својата татковина да помогнат во обновата на земјата. Неговото лично верување е дека тоа на крајот може да резултира со „оставка“ на сирискиот претседател Башар ал Асад.

Сепак, плановите за одземање на дозволите за привремен престој на сириските бегалци наидоа на противење и критики од страна на Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР), кој инсистира дека областите за враќање не се доволно безбедни.

„Враќањето претпоставува дека условите се постојано стабилни. Не можеме да го видиме тоа никаде во Сирија “, изјави за весникот „Информацион“ портпаролката на УНХЦР во Данска, Елизабет Хаслунд.

Потегот на Данска предизвика слични забелешки од Амнести интернешнл, кој истакна дека Сиријците што се враќаат може да бидат во опасност од сериозно кршење на човековите права. Сепак, заканата за присилна депортација сè уште не е спроведена, бидејќи Данска во моментов нема договор со сириските власти.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk