Дамаск конечно под целосна контрола на сириската влада

Сириските државни медиуми објавија дека екстремистите од Исламска држава се согласиле да го предадат последното упориште во Дамаск. Како што наведуваат, со тоа им е отворен патот на сириските сили за прв пат од 2011 година да преземат контрола над целиот главен град и околните области.

Капитулацијата на џихадистите во Дамаск следи по еднонеделната офанзива на владините сили во две области во Дамаск, на населбата Хаџар ал-Асвад под контрола на Исламска држава и на Палестинскиот камп Јармук.

Владините сили ги бомбардираа двете области и ги затрупаа со артилериски оган. ОН предупреди дека насилството претставува опасност за 12.000 палестински бегалци од Сирија.

На џихадистите им беше дадена можност да останат и да се согласат на помирување со сириската влада или со автобус да бидат пренесени на територија на ИД во пустина во источниот дел на Сирија, навела државната сириска агенција САНА. Не е објавено кога ќе почне нивното преместување.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари