Ова нема да и се допадне на Москва

Дали "воениот шенген" е подготовка за војна на европска почва?

Обезбедувањето безбедносни услови во Европа е отежнато од бројни правни препреки кои ги оневозможуваат НАТО војниците, на чело со трупите на САД, слободно да ги извршуваат своите задачи. Сметам дека таквите бирократски бариери се чист апсурд. Па погледнете, полесно им е на бегалците да се движат низ Европа одошто на воените конвои, рече генералот Хоџис уште во 2015 година

Сопрете го ковојот, генерале. Може ли да го видиме вашиот пасош? Овие зборови безброј пати досега ги има слушнато командантот на воените сили во Европа Бен Хоџис поради што пред неколку дена го повтори неговиот контроверзен став за т.н. "воен шенген".

-НАТО силите мораат да бидат побрзи од Русија, а за тоа ни е потребно воведување воен шенген. Ако сакаме да ја одбиеме руската закана мораме да бидеме побрзи од нив. НАТО знае како да го постигне тоа, а се што ни треба е дозвола од европските земји, соопшти Хоџис во понеделникот.

Таканаречениот "воен шенген" подразбира посебен третман на границите и специјални правила за транспорт на војници и опрема низ Европа.

Тоа практично би значело дека НАТО војниците и опремата да можат да влегуваат и поминуваат низ европските земји секогаш и како што ќе посакаат, без царина и други неопходни гранични процедури. Името "воен шенген" е референца за Шенгенската спогодба од 1985 година, која до денес ја имаат потпишано 26 земји од Европа.

-Обезбедувањето безбедносни услови во Европа е отежнато од бројни правни препреки кои ги оневозможуваат НАТО војниците, на чело со трупите на САД, слободно да ги извршуваат своите задачи. Сметам дека таквите бирократски бариери се чист апсурд. Па погледнете, полесно им е на бегалците да се движат низ Европа одошто на воените конвои, рече Хоџис уште во 2015 година на самитот на Центарот за политичка анализа (ЦЕПА) во Варшава и подвлече дека НАТО не смее да си дозволи нов Крим, па макар тоа значело и воен судир со Русија.

За воените аналитичари ова барање на американскиот генерал не е чудно. Имено, како што пишува белградски Блиц, НАТО веќе има сличен аранжман со многу европски земји меќу кои и Србија.

-Најголем проблем НАТО би можел да има со оние две земји кои се членки на ЕУ но не се дел од Алијансата. Претпоставувам дека тоа би бил најголемиот проблем за имплементација на таков договор, но не е исклучено и други европски земи да се спротивстават, вели за Блиц воениот аналитичарот Душан Јањиќ.

Хоџис не е единственот кој предлага вакво нешто. Холандската министерка за одбрана Жанин Хенис-Плашерт во август покрена иницијатива за создавање на воен шенген на територијата на ЕУ за да се олеснат маневрите на НАТО алијансата.

-Војската и воената опрема мора да бидат во состојба бргу да стасаат на кое било место кое е во опаснот, рече тогаш Плашерт.

Контроверзниот предлог на Хоџис би можел да наиде на несогласување и кај западните европски земји кои се членки на НАТО но не се чувствуваат загрозени од т.н. руска закана. Истовремено, источни земји од сојузот веројатно со задоволство би прафиле доколку ваков предлог би бил ставен на маса за разгледување, а пред се Естонија, Летонија и Литванија, но и Полска.

Неодамнешна анализа на Стратфор вели дека на оваа иницијатива најверојатно би се спротивставила Бугарија, која сака добри односи до Русија, но и Турција, која не е дел од ЕУ, но во НАТО секако има право на глас.

Освен тоа, проблем при имплементацијата би биле и бројни закони во европските земји кои во овој случај би требало итно да се менуваат, а меѓу нив и законите за еколошка свест и законите за бучава во населени места.

Поврзани

Најнови вести

Коментари