Големите протести даваат резултати

Дали се најде кој го уби словачкиот новинар

Словачките власти повторно уапсија италијански бизнисмен, осомничен за убиството на истражен новинар и неговата свршеница, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на јавното обвинителство.

Антонио Вадала е уапсен утрово во градот Михаловце. Притворот е спроведен по барање на италијански суд, кој издал европска потерница за апсење на бизнисменот поради поврзано со дрога злосторство. Италија сака тој да биде екстрадиран.

Вадала беше еден од седумтемина Италијанци, приведени како осомничени за убиството на Јан Куциак и Мартина Кушнирова. Новинарот и свршеницата беа пронајдени застрелани во нивниот дом на 25 февруари.

Во последниот, недовршен материјал Куциак пишувал за врските меѓу Вадала, за кого се тврди дека е дел од италијанска криминална организација, и луѓе блиски до словачкиот премиер Роберт Фицо.

Убиството на новинарот и неговата свршеница предизвика политичка криза што се закануваше на коалиционата влада на Фицо.

Опозицијата побара гласање за недоверба на владата, а гласањето е закажано за следниот понеделник.

Поврзани

Најнови вести

Коментари