Дали се идентификувате како глобален граѓанин?

Повеќе и повеќе луѓе почнуваат да се идентификуваат самите себе како глобални граѓани. Дали вие сте едни од нив? 

Според истражувањата од страна на BBC World Service Poll направен од страна на GlobeScan, голем дел од луѓето низ светот ги исфрлаат мислењата дека човекот живее само во една нација и се прогласуваат себеси за глобални граѓани. 

Повеќе од 20 000 луѓе од 18 различни држави биле дел од ова истражување, од кое првпат во 15те години од истражување се покажало дека повеќе од половина од луѓето што биле дел од овој експеримент се идентификувале себеси како глобални граѓани. 

Експериментот покажал големи разлики во мислењето за глобален граѓанин помеѓу развиените еконимии и економиите во развој. Пред кризата во 2008 година, концептот за глобален граѓанин бил подеднакво подржан од страна на двете класи на економско развиени и во развој држави. Но после 2009 година се забележало намалување на мислењето за овој концепт, од кои најголема разлика се забележало во Германија во која само 30% од луѓето се идентификувале како глобален граѓанин.

Од побогатите нации, од тие што биле прашани, 59% од Шпанците се идентификувале како глобални граѓани, од кои проследиле Грците со 47%, Велика Британија 47%, Германија 30% и Русија 24%. 

Поврзани

Најнови вести

Коментари