logo
logo
logo

Дали радикалната левица го подметна пожарот во фабриката на Елон Маск во Берлин?!

Vecer | 27.05.2021

Дали радикалната левица го подметна пожарот во фабриката на Елон Маск во Берлин?!

Германската полиција истражува дали пожарот што избувна на градилиштето на огромната фабрика Тесла, компанија во сопственост на милијардерот и иноватор Елон Маск, бил подметнат од политички мотиви, пренесува Ројтерс.

Пожарот избувна утрово во близина на Берлин, во градот Гринхајде во сојузната покраина Бранденбург. Огнот оштетил неколку напонски кабли што би биле поставени во близина на градилиштето на огромната фабрика на Тесла, т.н. гигафабрика, прва од ваков вид во Европа.

Портпарол на обвинителството изјави дека подметнување пожар не е исклучено, додавајќи дека истражителите го проверувале писмото што се појави на Интернет во средата, во кое радикални левичарски активисти ја преземаа одговорноста за пожарот

Писмото е објавено на интернет-платформата на радикалната левица и во него стои дека напојувањето со електрична енергија до градилиштето било прекинато, така што биле запалени шест високонапонски кабли.

„Тесла не е ниту зелена ниту еколошка“, се вели во писмото.

Тесла, која претходно најави дека во оваа фабрика ќе се произведуваат  500.000 автомобили од својот модел Y годишно, го одложи отворањето на фабриката за крајот на 2021 година. Првично фабриката требаше да се отвори на 1 јуни, но подоцна тие одлучија да произведат и батерии  во таа фабрика.

Основачот на Тесла, Елон Маск, претходно се пожалил на германската бирократија дека го одложува процесот на добивање на потребните дозволи за изградба на фабриката по поплаките од активисти за заштита на животната средина кои се загрижени за влијанието на фабриката врз животната средина.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk