logo
logo
logo

Дали и кој МАНИПУЛИРА СО ТУРСКАТА ЛИРА? Ердоган нареди итна истрага

Vecer | 27.11.2021

Дали и кој МАНИПУЛИРА СО ТУРСКАТА ЛИРА? Ердоган нареди итна истрага

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган нареди истрага за можна манипулација со домашната валута.

Тоа се случи откако лирата оваа недела нагло падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот, објави денеска Анадолија.

Ердоган му наложи на Државниот надзорен одбор, агенција за ревизија која поднесува извештај до Претседателството, да ги идентификува институциите кои купиле големи количини девизи и да утврди дали има некаква манипулација, објави Ројтерс.

Лирата падна на рекордно ниско ниво оваа недела, откако Ердоган вети дека ќе се држи до политиката на олеснување на каматните стапки.

Годинава лирата загуби дури 45 отсто од вредноста, а околу половина во последните две недели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk