logo
logo
logo

Дали Бил Гејтс ЌЕ ГРАДИ МАЛИ НУКЛЕАРНИ ЦЕНТРАЛИ

Vecer | 30.05.2023

Дали Бил Гејтс ЌЕ ГРАДИ МАЛИ НУКЛЕАРНИ ЦЕНТРАЛИ

Компаниите TerraPower, основана од ко-основачот на Microsoft, Бил Гејтс, и Rolls-Royce, изразија интерес за изградба на мали модуларни реактори (SMR) во Северен Велс.

Мали модуларни реактори се нуклеарни реактори со капацитет до 300 MW, што е околу една третина од капацитетот на класичен нуклеарен реактор. Тие се засновани на модуларна технологија која овозможува сериско производство и брза градба, пишува Точка на и.

Застапниците на оваа технологија тврдат дека веројатноста за прегревање на јадрото на малите нуклеарни реактори е значително помала во споредба со конвенционалните реактори, меѓу другото затоа што нивните мали јадра произведуваат многу помалку топлина од јадрото на конвенционалните реактори. Иновативните технологии можат да ги намалат и другите инженерски ризици, како што е дефект на пумпата за течноста за ладење.

Развојната компанија Cwmni Egino, основана од Владата на Велс, неодамна ја заврши првата фаза од студијата за одржливост на локацијата на деактивираната нуклеарна централа во Травсфајнид. На таа локација планот е да се изградат мали модуларни реактори кои би произведувале вкупно до 1 GW електрична енергија.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk