logo
logo
logo

“Да, тоа е наша обврска“

Vecer | 22.10.2021

“Да, тоа е наша обврска“

Американскиот претседател Џо Бајден изјави во четвртокот дека САД имаат „обврска“ да го бранат Тајван - неговата изјава, всушност коментар на прашањето на новинарот, доаѓа во време на значително зголемени тензии меѓу Кина и Тајван.

Бајден беше прашан како дел од форумот на Си-Ен-Ен дали САД ќе застанат во одбрана на Тајван во случај на ескалација.

„Да, ние имаме обврска да го сториме тоа“, одговори тој.

Многумина го гледаат ова како значајна изјава, иако со закон од Вашингтон се бара да му обезбеди на Тајван „одбранбени ресурси“, но во исто време Соединетите држави генерално не сакаат да разјаснат дали тоа значи дека исто така се подготвени да обезбедат воена помош на Тајван во случај на конфликт. Дали изјавата на Бајден е извесна пресвртница? Се зависи од толкувањето, се разбира.

Коментирајќи ги тензиите во Азија, Бајден исто така истакна:

„Кина, Русија и остатокот од светот знаат дека ние сме најмоќната армија во историјата на светот. Она за што треба да се грижат е дали да се вклучат во активности што би ги довело да се во позиција да направат сериозна грешка. Не сакам студена војна со Кина. Само сакам Кина да разбере дека нема да се повлечеме, дека нема да промениме ниту еден од нашите ставови“.

[embed]https://youtu.be/A4hK_CdSTW0[/embed]

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk