logo
logo
logo

ДА СЕ ЗАБРАНАТ ВИЗИ ЗА РУСИ ВО ЕВРОПА, побараа од Естонија и Финска

Vecer | 09.08.2022

ДА СЕ ЗАБРАНАТ ВИЗИ ЗА РУСИ ВО ЕВРОПА, побараа од Естонија и Финска

Лидерите на Естонија и Финска ги повикаа европските земји да не издаваат туристички визи на Русите, велејќи дека не треба да го поминуваат својот одмор во Европа додека руската влада ја напаѓа Украина.

Естонската премиерка Каја Калас на Твитер напиша дека „посетата на Европа е привилегија, а не човеково право“ и дека е време да се запрат туристите од Русија.

Финската премиерка Сана Марин во понеделникот за финските медиуми изјави дека не е во ред Русија да врши агресија на европско тло, додека Русите живеат нормално и патуваат низ неа.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков денеска изрази надеж дека „здравиот разум“ на крајот ќе надвладее во европските земји кои бараат на Русите да им се забрани патувањето во ЕУ.

Песков рече дека предлозите за таква забрана обично доаѓаат од земји кои Москва веќе ги сметаше за „непријателски“ и „многу од овие земји тонат во заборав во нивното непријателство“.

Мислам дека со текот на времето некако ќе се манифестира здравиот разум и ќе се вразумат оние кои дадоа такви изјави“, рече Песков.

Блискиот соработник на Путин и заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, со објава на социјалните мрежи ја отфрли изјавата на Каја Калас.

Само сакам да ја потсетам на уште една изрека, тоа што си сингл не е твоја заслуга, туку наша вина“, напиша Медведев.

Естонија и Финска се членки на ЕУ и се граничат со Русија. ЕУ ги прекина сите летови за Русија, но Русите сè уште можат да влезат во тие земји по копно и потоа да летаат низ остатокот од Европа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk