logo
logo
logo

Црквите во Германија се побунија поради велигденското затворање

Vecer | 23.03.2021

Црквите во Германија се побунија поради велигденското затворање

Претставнците на двете најголеми христијански цркви во Германија, католичката и протестантската, изразија изненадување од мерките на Сојузната влада кои предвидуваат велигденски верски церемонии без присуство на верници и најавија дека нема да ги следат препораките на владата.

“За време на Божиќ, покажавме дека, со претпазливост, можеме да одржиме миса во присуство на верници. Затоа не сакаме да се откажеме од велигденската миса”, рече Георг Батицинг, претседател на германската бискупска конференција .

Протестантската црква во Германија досега одбиваше да ја коментира препораката на Сојузната влада и најави консултации со претставници од политиката.

Претседателот на германскиот протестантски совет Хајнрих Бедфорд-Стром изрази зачуденост од одлуката.

„Одлуката не изненади многу, особено имајќи предвид дека тоа е најважниот христијански празник“, рече тој.

Најави дека протестантската црква најпрво ќе се обиде да открие од претставниците на политиката зошто предложените концепти за хигиена не се доволни и дека после тоа ќе се одлучи како да се справат со барањето да не се одржи миса.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk