Четворица руски војници загинаа во Сирија

Во оган што го отвориле екстремистите во Сирија, загинале четворица припадици на руската војска, соопшти министерството за одбрана на земјата.

„Двајца руски воени советници кои ја контролираа стрелбата на сириската артилерија, загинаа на лице место. Уште пет припадници на руската војска се ранети и веднаш се пренесени во руската воена болница. Воените лекари се бореа за животот на уште двајца ранети војници, но не успеаја да ги спасат“, се наведува во соопштението, пренесува „ТАСС“.

Според тврдењата на министерството, судирите се случиле во сириската провинција Деир ез Зор кога неколку единици на терористичките групи ја нападнале сириската артилерија.

Сириските сили заедно со руската војска се вмешале во битката.

„Во текот на борбата, која траеше скоро еден час, војската уби 43 терористи и уништи шест нивни возила со оружје од голем калибар кое беше монтирано на нив“ – се наведува во соопштението на министерството.

извор: Makfax

Поврзани

Најнови вести

Коментари