Во близина на градот Троса

Четворица повредени при судар на воз и оклопно возило во Шведска

Тројца припадници на воениот персонал на Шведска и еден машиновозач се повредени денеска кога патнички воз се судри со оклопно возило, јужно од Стокхолм.

Тројца припадници на воениот персонал на Шведска и еден машиновозач се повредени денеска кога патнички воз се судри со оклопно возило, јужно од Стокхолм.

Несреќата се случила во близина на градот Троса, соопшти полицијата.

По сударот, возот излетал од шините, при што полесно е повреден машиновозачот. Возот превезувал три автомобили и 70 патници.

Оклопното возило учествувало во „Аурора 17", најголемата воена вежба во последните 20 години во Шведска. Не е соопштено од која националност биле војниците кои управувале со оклопното возило. Во воената вежба учествуваат околу 20.000 војници од Шведска, Финска, Данска, Норвешка, Франција, Естонија и Литванија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари