logo
logo
logo

Чешка: Вакцинирајте се и ќе добиете два дена плус одмор!

Vecer | 30.07.2021

Чешка: Вакцинирајте се и ќе добиете два дена плус одмор!

Државните службеници во Чешка што биле вакцинирани против коронавирусот ќе добијат два дополнителни слободни дена, додека властите во источноевропската земја бараат начини да ја прошират својата кампања за имунизација.

„Целта е да имаме максимална вакцинација, да се заштитиме од заразата од странство“, рече чешкиот премиер Андреј Бабиш, објавувајќи ја одлуката на владата во петокот.

„Ова е главната задача: вакцинирај, вакцинирај, вакцинирај.“

Од своето население од 10,7 милиони, Чешка досега целосно вакцинираше 4,74 милиони луѓе. Но кабинетот верува дека тоа не е доволно, со оглед на скоро 1,7 заразени во земјата и повеќе од 30.000 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

„Имаме доволно вакцини“, рече премиерот, инсистирајќи дека тие мора да бидат ставени во употреба.

Вакцинираните државни службеници ќе можат да ги користат своите два платени слободни дена во секое време пред крајот на годината, рече тој, уверувајќи ги граѓаните дека „тоа нема да стане товар за државниот буџет“.

Бабиш ги повика регионалните власти во републиката да го следат примерот и со дополнителни слободни денови да го мотивираат својот персонал да се вакцинира против коронавирусот.

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk