logo
logo
logo

Чешка со 15.000 нови случаи: „Нè чекаат пеколни денови“

Vecer | 24.02.2021

Чешка со 15.000 нови случаи: „Нè чекаат пеколни денови“


Чешка мора да ги заостри мерките за борба против пандемијата и да спречи катастрофа во болниците, рече денеска чешкиот премиер Андреј Бабиш, додека Полска најави дека повторно ќе воведе строги ограничувања на северо-истокот на земјата.

Чешка во вторникот пријави повеќе од 15.000 нови инфекции со коронавирус, најмногу по 6 јануари и има најбрзо ширење на инфекцијата во Европа, со стапка на нови инфекции по жител повеќе од шест пати поголема од Германија во последните две недели.

Бројот на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 кои се наоѓаат во тешка состојба се искачи на рекордни 1.389, така што земјата со 10,7 милиони жители веќе алармантно се намалува бројот на слободни болнички кревети.

Некои клиники мораа да ги префрлаат пациентите во други болници, а министерот за здравство предупреди дека во следните недели нема да има повеќе места во болниците. Владата размислува да побара од Германија да и помогне да се грижи за некои пациенти.

Земјата пријави вкупно 1,18 милиони заразени и 19.682 смртни случаи од почетокот на пандемијата.

Бабиш рече дека ситуацијата е сериозна. „Не чекаат пеколни денови“, нагласи тој на прес-конференција.

Владата во текот на денот треба да разгледа можни нови мерки. Бабиш рече дека Министерството за здравство ќе предложи ограничувања, но не сакаше да навлегува во детали.


makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk