logo
logo
logo

Чешка нема да им издава хуманитарни визи на Русите кои бегаат од мобилизација

Vecer | 22.09.2022

Чешка нема да им издава хуманитарни визи на Русите кои бегаат од мобилизација

Но, Прага вели дека нема да им даде хуманитарни визи.

„Ова е ситуација без преседан“, рече Анита Хипер, портпаролка на Комисијата задолжена за миграција. Апликациите ќе треба да се разгледуваат од случај до случај, посочи Хипер, додавајќи дека Комисијата работи со земјите-членки на изнаоѓање заеднички пристап.

Сепак, чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски денеска рече дека неговата земја нема да обезбеди засолниште за Русите кои ја напуштаат земјата за да избегнат мобилизација. Многу Руси се обидуваат да ја напуштат својата земја откако претседателот Владимир Путин вчера најави делумна мобилизација бидејќи руските сили кои се борат во Украина претрпеа големи загуби.

„Разбирам дека Русите бегаат од сè поочајните одлуки на Путин. Сепак, оние кои аплицираат затоа што не сакаат да ја исполнат должноста што им ја наметна сопствената влада, не ги исполнуваат критериумите за хуманитарна виза“, изјави Липавски.

Неговата позиција е во согласност со позицијата на Летонија, Литванија и Естонија кои граничат со Русија. Балтичките земји вчера соопштија дека нема да му дадат засолниште на ниту еден Русин што бега од мобилизацијата. Летовите во еден правец од Русија вртоглаво пораснаа и брзо се распродадоа по одлуката на Путин.

Финска денеска соопшти дека размислува да им забрани на повеќето Руси да влезат во земјата, бидејќи сообраќајот преку границата со нивниот источен сосед се „интензивираше“ по одлуката за делумна мобилизација.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk