logo
logo
logo

Чешка ќе обучи до 4.000 украински војници на своја територија

Vecer | 02.12.2022

Чешка ќе обучи до 4.000 украински војници на своја територија

По зеленото светло на Долниот дом, вчера Сенатот го ратификуваше и законскиот предлог со кој се дозволува обука на до 4.000 украински војници на полигонот во Либава, објави јавното Радио Прага Интернационал.

Четиринеделната обука во пет ротации ќе започне во 2023 година и во секоја ќе има до 800 украински војници. Парламентот, исто така, го ратификуваше распоредувањето до 55 чешки војници кои ќе ги обучуваат украинските сили на тлото на другите членки на ЕУ. Гласањето за мисијата го дадоа 67 од 70 присутни сенатори, а на гласањето му претходеше остра дискусија со обвинувања за проруска пропаганда.

Се проценува дека учеството ќе ја чини Чешка околу 975 милиони круни, а дел од парите би можеле да бидат вратени од ЕУ преку програмата за воена помош на ЕУ за поддршка на Украина. „Немаме пари за толку раскошно учество во војна“, рече сенаторката Јана Звиртек Хамплова од Независната партија.

Таа изрази страв за безбедноста на чешките граѓани и побара обуката да се одржи во дел од Украина каде што нема борбени операции. Нејзиниот став беше критикуван од Вацлав Ласка, претседател на СЕН 21 и репрезентативниот клуб Пирати, велејќи дека „Нашата колешка Хамплова е портпарол на руската пропаганда“.

„Тој што избира удобност и сигурност, замижува пред руските злосторства врз украинскиот народ, е кукавица“, обвини Хамплова. Изјавата дека има територија во Украина каде што нема напади е „одвратна лага од омраза“, одговори министерката за одбрана Јана Черночова и рече дека обуката на украинска територија би значело вовлекување на Чешка, членка на НАТО, во војната.

Сенаторката Даниела Коварова (Независна) ја обвини владата дека не претставила јасна формулација за тоа какви национални интереси бранела Чешка со одлуката да учествува во обуката на украински војници.

Коварова и Звиртек се единствените сенатори кои гласаа против законот, додека сенаторот на демохристијаните Лумир Кантор беше воздржан. Парламентот, исто така, го одобри мандатот за две други мисии во странство, до 40 војници во Косово и продолжување на мисијата во Ирак.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk