logo
logo
logo

Чешка го отвори најдолгиот висечки мост на светот (ВИДЕО)

Vecer | 14.05.2022

Чешка го отвори најдолгиот висечки мост на светот (ВИДЕО)

„Дојдовме овде затоа што го сакаме адреналинот“, рече планинарката Михаела Клестилова кога се приближуваше до мостот долг 721 метар, кој виси 95 метри над земјата на неговата највисока точка и беше отворен вчера. Мостот го доби името Sky Bridge 721, а изградбата траеше две години, а чинела 200 милиони круни. „За мене ова е одлична глетка“, вели Михал Хофирек, првиот посетител на мостот.

Се наоѓа на повеќе од 1100 метри надморска височина и поврзува два планински сртови на североистокот на земјата, на 200 километри од Прага и во близина на границата со Полска.

Мостот е подолг од мостот Арока во Португалија, кој е долг 516 метри, а претходно важеше за најдолг висечки мост.

Но, има и критичари на најдолгиот мост во Чешка.

Регионалниот директор на чешката агенција за заштита на природата, Михаел Сервус, оваа недела за Чешката телевизија изјави дека мостот предизвикал проблеми со заштитата на околината и го променил карактерот на областа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk