logo
logo
logo

Чешка: Бројот на вработени во амбасадите нема да се менува

Vecer | 23.04.2021

Чешка: Бројот на вработени во амбасадите нема да се менува

Бројот на вработени во руската амбасада во Чешка и во чешката амбасада во Русија нема да се промени, и покрај влошувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, соопшти министерот за надворешни работи, Јакуб Кулханек, во интервју за весникот „Блеск“.

„Досега, овие меѓусебни чекори за изедначување на бројот на вработени во амбасадите во Прага и Москва не влијаеја на работата на мисиите. Русија сè уште не презема чекори во однос на нашата амбасада во таа земја. Бројот на руски и чешки вработени и во двете амбасади нема да се менува“, рече Кулханек, а пренесува агенцијата ТАСС.

Чешка и Русија ќе имаат по 32 претставници во амбасадите во Москва и Прага – седум дипломати и 25 административни работници, објасни чешкиот министер.

Вработените во руската амбасада во Прага, кои ја напуштија Чешка на 22 април, можат да се вратат, што не е случај за 18 лица кои чешките власти ги прогласија за персона нон грата на 17 април.

 

makfax.com.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk