logo
logo
logo

Чекајќи кислород луѓето умираат на паркинзи: Состојбата во Индија се уште е застрашувачка (ВИДЕО)

Vecer | 05.05.2021

Чекајќи кислород луѓето умираат на паркинзи: Состојбата во Индија се уште е застрашувачка (ВИДЕО)

Во Индија минатата недела имало 46 проценти од вкупно забележаните нови случаи на Ковид-19 во светот, како и 25 проценти од починати, објавила СЗО.

Големиот пораст на бројот на заразени со коронавирус, заедно со високозаразниот нов сој, кој за прв пат е откриен токму во таа земја, довел до недостиг на кревети и кислород во индиските во индиските болници.

Мртовечниците се преполни, а многумина починала и во возилата на итна помош или на паркинзите, чекајќи кревет или кислород, пишува "Reuters".

Во светот минатата недела вкупно биле пријавени 5,7 милиони нови случаи на зараза со коронавирус и повеќе од 93.000 починати, објавила Светската здравствена организација во неделниот епидемиолошки извештај.

[embed]https://www.youtube.com/watch?v=O6iKvO6A_Ls&feature=emb_title[/embed]

Индија имала речиси 2,6 милиони нови случаи, што е 20 проценти повеќе во однос на недела претходно, и 23.231 смртни случаи.

Броевите на СЗО се темелат на официјални податоци, така што состојбата во Индија би можела да биде и полоша, како што веруваат многу експерти, бидејќи бројни случаи на зараза или смрт не се ни пријавуваат поради пренатоварениот систем.

Постојат знаци дека заразата од Индија се прелива кај нејзините соседи. Непал минатата недела имал зголемување на бројот на случаи за 137 проценти, а броевите растат и во Шри Ланка.

Во вторникот Индија станала втората држава на светот која го надминала бројот од 20 милиони заразени од почетокот на пандемијата, по Соединетите Американски Држави.

Бројот на починати во последните 24 часа во Индија бил рекорден, на вирусот му подлегнале 3.780 луѓе, а новозаразени имало 382.315, покажуваат податоците од министерството за здравство.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk